Портпаролката на Стејт департментот изјави дека Вашингтон е подготвен да „дејствува“ доколку Русија склучи со Иран договори врз кои дејствуваат санкции. „Ние знаеме дека Русија и Иран водат преговори и дека тие се однесуваат на различни сфери“, изјави таа.
„Не ни се познати конкретни детали, но ако се склучени договорите и истите потпаѓаат под санкции, ние ќе дејствуваме“, истакна Псаки.
Во САД на сила се неколку закони кои предвидуваат економска блокада на Иран. Америка се заканува со различни казнени мерки на оние држави кои развиваат трговско-економски врски со Иран.
Русија категорично се противи на екстериторијалната примена на американското законодавство. Во неделата министерот за економски развој на САД Алексеј Уљукаев изјави дека Русија наскоро ќе започне да извезува во Иран земјоделски и индустриски производи во замена за нафта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче