Одлуката на Русија да ја прекине реализацијата на проектот „Јужен тек“ е само тактички потег, смета заменикот претседател на енергетската комисија при бугарскиот парламент Мартин Димитров. „Тоа е тактички потег на Путин и Русија. Тие воопшто нема да се откажат од „Јужен тек“. Ако проектот евентуално биде пренасочен кон Турција, со самото тоа би бил поскап и економски понеизводлив. Според тоа, сѐ што се случува е само тактички потег со цел да се зголеми притисокот врз Бугарија и Европската Комисија“, ги пренесува ТАСС зборовите на Димитров.
„Ние во никој случај не треба да дозволиме ниту да отстапиме од своите ставови. За нас е важно проектот да носи профит“, истакна Димитров.
Бугарските официјални лица засега се воздржуваат од коментари. Информативната служба на бугарската влада најави дека во текот на денот ќе даде официјално соопштение во врска со одлуката за прекин на проектот „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче