Падот на светските цени на нафтата е најголем од моментот на финансиската криза во 2008 година. Ако вредноста на нафтата падне до 40 долари за барел, тоа може да предизвика крах на светскиот финансиски систем, како и дефолт на неколку држави поради падот на вредноста на валутите, пишува Bloomberg.
![]() |
Може ли Русија да влијае на цената на нафтата? |
Според досегашните показатели, до крајот на годината цените на нафтата ќе паднат за 37%. Русија нема да го има претходното ниво на приход од извозот на нафта. Во такви услови санкциите уште посилно ќе се почувствуваат. Од решението на ОПЕК да не се намалува производството на нафта ќе настрадаат и Иран, Нигерија и Венецуела.
Приходите од извозот на нафта полнат 50% од државниот буџет на Русија. Годинава Русија изгуби 90 милијарди долари во буџетот поради падот на цените на нафтата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче