Во Молдавија на парламентарните избори води проруска партија

Социјалистите пред изборите јавно изјавуваа за зближување со Русија, како и приклучување кон Царинската унија.

Парламентарните избори во Молдавија донесоа неочекувани резултати. По пребројувањето на 90% од гласачките ливчиња, и покрај прогнозите, води Партијата на социјалистите која е во блиски односи со Комунистичката партија околу прашањето за приклучување на државата кон Царинската унија. Заедно двете партии добија околу 40% од гласовите. Овие цифри не ги прогнозираше ниту еден експерт пред почетокот на изборите.

 

Во моментов во Централниот изборен комитет ги обработуваат последните гласачки ливчиња, а политиколозите повторно ги разгледуваат и ревидираат своите предвидувања. Во Кишинев успехот на политичките сили не го мерат во проценти, туку број на пратеници. Во молдавскиот парламент има 101 седиште. Според досегашните оцени, Либерал-демократите ќе освојат 23 места, комунистите - 21 место. По 19 и 12 места ќе им припаднат на демократите и либералите.

Социјалистите пред изборите јавно изјавуваа за зближување со Русија, како и приклучување кон Царинската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња