Шпанија се надева дека во 2015 година во земјата ќе допатуваат 1,4 милиони руски туристи, изјави во интервју за „Интерфакс“ заменикот шеф на МНР на Шпанија Карлос де лос Монтерос.
„Годинава бројот на руски туристи кои дошле во Шпанија изнесува околу 1,4 милиони, што е за 7% помалку отколку во истиот период минатата година“, забележа заменикот министер. Тој подвлече дека причина за намалувањето на бројот на туристи не е кризата во Украина.
Според зборовите на дипломатот, можното намалување на бројот на посети од Русија во Шпанија е поврзано со „валутниот курс, односно падот на руската рубља, поради што патувањето на Русите во странство е поскапо“.
Годинава Русите најчесто патувале во Египет. Тајланд се најде на второто место, а Турција на третото.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче