Русија започна создавање на мобилни радиолокациски средства од контејнерски тип. Ова за интервју за „Красна звезда“ го изјави Александар Головко, командант на Воено-космичките единици, а пренесува „Газета.ру“.
![]() |
Радари за предупредување |
„Со цел да се зголеми ефективноста на ВКО наскоро ќе бидат создадени радиолокациски технологии и средства кои ќе можат да бидат пренесувани во контејнери на различни места“, изјави Головко.
Според неговите зборови, овие средства ќе можат да бидат инсталирани како на земја, така и на морските платформи.
Ден претходно беше објавено дека Русија ќе започне со создавање на единствен систем за радиолокациска контрола.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.