Русија ќе испорачува во Иран индустриска опрема во замена за нафта

Уљукаев забележа дека точниот датум за размена на производите за нафта не е позната.

Министерот за економски развој на Русија Алексеј Уљукаев изјави дека Русија наскоро ќе започне со испораки на жито и индустриски производи во замена за нафта, пренесува РИА Новости.

„Прашањето веќе е разгледувано. Работиме во тој правец. Има доста технички прашања кои се поврзани со списокот на производи. Секоја држава има своја претстава за логистиката, испораката, осигурувањето и т.н. Сметаме дека наскоро тоа ќе биде завршено“, изјави министерот.

Уљукаев забележа дека точниот датум за размена на производите за нафта не е позната. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња