Шефот на комитетот за меѓународни односи во Државната дума Алексеј Пушков смета дека приклучувањето на Украина во ЕУ создава опасност за постоењето на самата Унија.
„Папата даде мрачна оценка за Европската унија. Ако Брисел посака да ја уништи Европската унија, најлесен пат за тоа е примањето на Украина во нејзиниот состав“, напиша Пушков на својот Твитер.
Кон крајот на јуни Украина го потпиша договорот за асоцијација со ЕУ, кој предвидува создавање на зони за слободна трговија. Кон крајот на септември претседателот Петро Порошенко ја презентираше „Стратегија-2020“, пакет реформи, кои, според неговото мислење, треба да ја подготват Украина за членство во Европската унија за шест години.
За време на говорот во Стразбур, Папата во Европскиот парламент изјави дека кај граѓаните на ЕУ расте недовербата во државните институти, а самата Европа „остарела“ и повеќе наликува на „баба“, и дека таа повеќе не е „вибрантна“ и „жива“. Исто така, Папата забележа дека Европа страда од самотија, со која најчесто се судираат постарите, сиромашните и имигрантите. Како заклучок тој ги повика европските парламентарци да работат на тоа Европа повторно да добие „добра душа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче