Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека кризата во односите со Русија може да трае и повеќе од една деценија, пренесува Deutsche Welle.
„Понекогаш доволни се 14 дена за да се започне конфликт, но можат да бидат потребни и 14 години за да се разреши конфликтот“, забележа Штајнмаер.
Претходно шефот на МНР на Германија изјави дека Германија и Русија засега немаат заедничко разбирање за конфликтот во Украина, како и дека им претстои долг пат на двете земји пред да дојдат до решение за проблемот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче