Државната дума најави продолжување на програмата за мајчински капитал во Русија

Според законодавството во Русија, оваа програма треба да функционира до 2016 година.

Заменикот претседател на Државната дума во Русија Сергеј Железњак ја поддржува можноста за продолжување на програмата за мајчински капитал, пренесено е на интернет-страницата на партијата „Единствена Русија“.

Железњак забележа веќе неколку години во државата успешно функционира програмата за мајчински капитал, со која се предвидува поддршка од државата за раѓање второ дете.

Население: нѐ има повеќе

Според законодавството во Русија, оваа програма треба да функционира до 2016 година.

„Ние се солидаризираме со раководството на државата, кое ја разгледува можноста за продолжување на програмата“, забележа тој.

Претходно вицепремиерката на Русија Олга Голодец предложи да се продолжи програмата за мајчински капитал за уште пет години.

Програмата за мајчински капитал во Русија функционира од 2007 година. Секоја мајка која ќе роди второ и последователно дете добива право на мајчински капитал. Средствата од мајчинскиот капитал може да се потрошат за подобрување на станбените услови, школување на децата или пензија за мајките. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња