Западни медиуми: Молдавија стана нов центар на конфронтациите меѓу Москва и Европа

Молдавија стана нов клучен центар на судирот меѓу Русија и Европа, пишува The Wall Street Journal.

Апелациониот суд во Кишинев ја отстрани од изборите партијата „Родина“, на чие чело се наоѓа Ренато Усатин, руски бизнисмен од молдавско потекло. На почетокот на ноември поранешниот вицепремиер Игор Додон од Паријата на социјалистите, заедно со поранешниот премиер Зинаида Гречана, се сретнаа со претседателот на Русија Владимир Путин за време на една од прославите во Кремљ. Според официјалните информации, за време на средбата се зборувало за работата на молдавските граѓани во Русија.

Изборите во Молдавија треба да се одржат на 30 ноември. Како што забележува американскиот весник, гласањето во недела се гледа како најважно од времето на прогласувањето независност на земјата во 1991 година. Оваа држава е една од најмалите и најсиромашни во Европа, пишува весникот. Во моментов Западот „се спротивставува на обидите на Москва да го врати Кишинев во нејзината сфера на влијание“, се кажува во статијата.

Победата на проевроскиот блок ќе ја „цементира“ западната ориентација на Молдавија, подвлекува изданието, додавајќи дека победата на проруските партии ќе биде „непријатен“ момент за Западот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња