Западни медиуми: Меркел е подготвена за долготрајна конфронтација со Путин

Политичарката изјави дека дејствата на Русија „го загрозуваат меѓународниот поредок и го нарушуваат меѓународното право“.

Германската канцеларка Ангела Меркел покажа дека е подготвена за долготрајна конфронтација со претседателот на Русија Владимир Путин околу решавањето на кризата во Украина, пишува Bloomberg.

Меркел: дејствата на Русија го ставаат под знак прашалник поредокот во Европа

„Треба да бидеме трпеливи и издржливи за да ја надминеме кризата“, изјави Меркел кон крајот на својот настап пред парламентот во Берлин на 26 ноември. Според мислењето на аналитичарите во Bloomberg, тоа сигнализира дека германската канцеларка има сериозни намери.

Се забележува дека за време на својот настап политичарката изјави дека дејствата на Русија „го загрозуваат меѓународниот поредок и го нарушуваат меѓународното право“. 

Воедно, Ангела Меркел изјави дека воведувањето нови санкции против Русија е „неизбежно“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.