Сечин очекува раст на светските цени на нафтата во втората половина на 2015 година

Сечин изјави дека буџетот на компанијата за следната година е основан на конзервативната прогноза за цената на нафтата.

Шефот на „Ростнефт“ Игор Сечин очекува раст на светските цени на нафтата почнувајќи од втората половина на следната година, пренесува РИА Новости.

 

Според неговите зборови, во 2015 година цената на нафтата ќе варира од 70 до 75 долари за барел.

Сечин  изјави дека буџетот на компанијата за следната година е основан на конзервативната прогноза за цената на нафтата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.