Стремежот да се создаде конфронтација меѓу Европа и Русија е тотално безумие, смета поранешниот претседател на Франција Никола Саркози, а пренесува РИА Новости.
![]() |
Русија остана без „Мистралите“ |
„Нам ни треба Европа која ќе биде мировен фактор. На не ни треба Европа која ќе ја воскреснува Студената војна. Безумно е да се посакува конфронтација меѓу Европа и Русија. Како може да се надеваме на решавање на украинската криза без дијалог со Русија?“, изјави Сакрози.
Поранешниот претседател на Франција ја критикуваше и позицијата и решението на француските власти околу „Мистралите“.
„И, некој ќе поверува дека Франција може да извојува победа во кризата со непочитување на договорот кој го потпиша со Русија? Кој може да поверува дека ова непочитување на нашиот даден збор ќе го зголеми нашето влијание и доверба во светот?“, изјави Саркози.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче