Русија следната година планира да го задржи темпото на производство на нафта на ниво како и во 2014 година – 525 милиони тони. Оваа изјава ја даде министерот за енергетика Александар Нова, а пренесува РИА Новости.
„Ние работиме со нашите нафтени компании и сакам да забележам дека во 2015 година прогнозираме зачувување на темпото на производство како и во оваа година. Тоа се околу 525-526 милиони тони“, изјави тој.
Според неговите зборови, реализацијата на некои проекти ќе го зголеми производството на гасен кондензат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.