Путин: позицијата на Турција околу санкциите против Русија е далековида

Шефот на руската држава подвлече дека „турските партнери не ги жртвуваа своите интереси поради нечии туѓи политички амбиции“.

Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека позицијата на Турција околу санкциите против Русија е „далековида“. Според неговите зборови, Турција не воведе санкции против Русија и сега планира да го зголеми извозот на месо, млеко, риба, зеленчук и овошје во Русија.

Во средината на март 2014 година САД, Европската унија, Австралија, Нов Зеланд и Канада воведоа пакет санкции против Русија поради приклучувањето на Крим во составот на Русија. Тие мерки предвидуваат замрзнување на активите и воведување визни ограничувања против неколку лица и организации. Како одговор на ова, Русија го ограничи увозот на производи од државите кои воведоа санкции против неа.

„Многу го цениме решението на Турција околу економската соработка со Русија. Турските партнери не ги жртвуваа своите интереси поради нечии туѓи политички амбиции. Сметам дека ова е навистина промислено од нивна страна“, се кажува во писменото интервју на Путин за турската информативна агенција Анадолу пред посетата на Путин во Турција на 1 декември.

„Позициите на вашата влада отвораат нови хоризонти за зголемување на трговијата меѓу двете земји“, изјави претседателот. Тој смета дека двете страни ќе успеат да ги подигнат своите трговски и инвестициски односи на ново ниво.

„Веќе зборувавме со Ердоган дека сакаме трговијата меѓу нас да достигне 100 милијарди долари“, забележа Путин. Во 2013 година трговското салдо на двете земји изнесуваше 32,7 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња