Новата фабрика на концернот Volvo претставува инвестиција од 90 милиони евра, а истата започна со работа во Калушката област, пренесе владата на регионот.
Првото претпријатие Volvo за производство на камиони беше отворено на територијата на индустрискиот парк „Калуга-Југ“ во почетокот на 2009 година. Од тогаш од конвеерот излегле повеќе од 15.000 камиони Volvo и Renault.
„Шведскиот концерн на 27 ноември започна производство на кабини за камионите од марката Volvo и Renault“, се кажува во соопштението.
Се планира производство на 15.000 кабини годишно, а во производството ќе бидат вклучени 350 лица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче