Потенцијалот на Русија за скратување на производството на нафта при ниска цена изнесува околу 200-300.000 барели нафта на ден, смета шефот на „Роснефт“, Игор Сечин.
„Ако цената се спушти, компанијата нема да може да реализира неколку проекти. Потенцијалот на Русија за намалување на производството на нафта при ниска цена ќе изнесува околу 200-300.000 барели на ден“, изјави Сечин во интервју за австрискиот весник Die Presse.
Коментирајќи ја претгодната изјава дека „Роснефт“ го намалува производството на нафта за 25.000 барели, Сечин изјави дека тоа нема никаква поврзаност со решенијата на ОПЕК. „Ние едноставно ја зголемуваме ефективноста“, изјави тој.
Шефот на „Роснефт“ не исклучува дека цената на нафтата може да падне под 60 долари за барел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче