Министерството за финансии прогнозира суфицит во рускиот буџет годинава на ниво од 0,3 до 0,5% од БДП, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.
„Според нашите процени, суфицитот ќе изнесува од 0,3% до 0,5% од БДП“, изјави Силуанов пред новинарите, одговарајќи на прашањето за оценка на исполнетоста на буџетот годинава.
Притоа, според неговите зборови, суфицитот е создаден не поради поголемите приходи во буџетот, туку за сметка на намалувањето на расходите.
„Суфицитот се појавува поради тоа што некои планирани трошоци не се реализирани. За сметка на тоа, како и на одредени други извори“, изјави Силуанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче