Едностраните рестриктивни мерки кои САД, ЕУ, Јапонија и Австралија ги воведоа против Русија се нелегитимни. Обидите со Русија да се разговара на јазикот на ултиматуми нема да донесе резултати. Таквиот притисок е опасност за меѓународната стабилност, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во писменото интервју за агенцијата „Анадолу“ пред посетата во Турција планирана за 1 декември, а пренесува весникот „Взлјад“.
![]() |
Путин: Русија не сака железни завеси |
„Притоа, нашиот одговор е секогаш урамнотежен и во склад со правилата и обврските на Русија врз основа на меѓународните договори, меѓу другото и во рамките на Светската трговска организација“, додаде претседателот на Русија.
Путин истакна дека раководителите на водечките западни компании кои работат во Русија не ја кријат загриженоста поради санкциите и изразуваат подготвеност да ја продолжат соработката. „Очекуваме здравиот разум на крај на победи. Апелираме да се надмине нездравата логика на рестрикции и закани и да се премине на барање заемно прифатливи решенија за насобраните проблеми“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.