Шефот на МНР на Литванија Линас Линкјавичус изјави дека државата планира и понатаму да ги одржува односите со Русија, но притоа нема да биде посветено внимание само на интересите, туку и на вредностите на Литванија, пренесува Delfi.
„Државата, која, патем, е постојан член на ООН, организација создадена имено за да се зачува системот на мир и ред во светот – извршува агресија против соседна држава и го негира тоа“, забележа Линкјавичус.
Освен тоа, министерот изјави дека во односите со Русија Западот покажува мекост. Според мислењето на Ликјавичус, „рестартирањето“ на односите со Русија нема да ги донесе посакуваните резултати, но и дека не треба да се притисне копчето “delete”.
Претходно претседателот на Литванија Далйа Грибускајте ја нарече Русија „закана“ за соседните држави. Според неа, Европа и целиот свет ѝ дозволуваат на Русија да биде држава која „им се заканува на своите соседи“. Претседателката на Литванија додаде дека ниту во Европа, ниту во светот нема лидери способни да го запрат Кремљ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче