Читателите на француските медиуми силно го критикуваа решението на претседателот на Франција Франсоа Оланд за замрзнување на испораката на носачите на хеликоптери на Русија.
Во коментарите во францускиот весник Le Parisien, еден од корисниците напиша: „Оланд не сака да ги испорача ‘Мистралите’ во Русија поради конфликтот во Украина, а во меѓувреме Франција испорачува оружје на востаниците во Сирија и Ирак... Оланд секогаш ќе биде нула во геополитиката, тој ги вооружува идните терористи, додека Русите постапуваат далеку подобро. Русите не водат војни, тие се обидуваат да ја избегнат и во Украина“.
![]() |
Русија остана без „Мистралите“ |
Во коментарите околу статијата на францускиот канал Europe 1 читателите го осудуваат претседателот и кажуваат дека со носењето на ваквото решение – Оланд греши и мисли само на себе.
„Невозможно е да се прават толку големи грешки... Претседателот мисли само за себе и својот личен живот. Баш му е гајле за другите“, пишува интернет-корисник на интернет-страницата на телевизискиот канал. Друг корисник под псевдонимот NoPasaran пишува: „Несреќна Францујо! Мисје Оланд, вие правите многу глупава грешка...“. „Кој освен Русија ќе сака да ги купи бродовите кои се изградени според нејзините норми и барања? Можеби Украинците?“, изјави друг интернет-корисник под псевдонимот neobled.
„Во случај на анулирање на договорот и откажување на испораката, сумата која Франција треба да ја плати на Русија изнесува 3 милијарди евра“, забележува еден од читателите на весникот Le Figaro. „Затоа целиот свет ќе ја изгуби довербата кон Франција како испорачувач на оружје. Кон неа ќе се однесуваат како кон пудличка на чичко Сем“, смета корисникот со псевдоним Ja9978.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче