Бродови на Северната флота на РФ ќе извршат маневри во Ла-Манш

Поради лошите временски услови одлучено е во заливот Сена бродовите да почекаат бурата на помине.

Бродовите на Северната флота на Русија впловија во Ла-Манш, каде треба да изведат воени маневри, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на соопштението од Западниот воен округ.

„Денес неколку бродови на Северната флота, на чело со големиот противподморнички брод ‘Североморск’, го поминаа најјужниот дел на Ла-Манш, Доверскиот мореуз, и влегоа во заливот Сена“, се наведува во соопштението.

Поради лошите временски услови одлучено е во заливот Сена бродовите да почекаат бурата на помине.

„Додека бродовите се во пристаништето во заливот, членовите на екипажот ќе изведат неколку задачи и вежби за борба со подводни диверзантски сили, ќе тренираат акции во случај на појава на пожар на бродот, како и со други редовни задачи“, се наведува во соопштението на Западниот воен округ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња