Русија нема ресурси за испраќање на космонаути на Месечината, изјави Виталиј Лопота, вицепретседател на Обединетата ракетно-вселенска корпорација во интервју за „Росијскаја газета“.
„Подалеку од Марс во следните децении не ќе можеме да одлетаме. Месечината, на пример, засега не ни е достапна“, изјави тој.
Според неговите зборови, за да се дојде на површината на Месечината со екипаж од тројца е потребна ракета која може да подигне 130-150 тони.
„За жал, такви ракети-носачи засега немаме. А оние кои ги имаме не се доволно моќни за тоа“, резимираше Виталиј Лопота.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.