Слабеењето на руската валута ќе ја поевтини изградбата на нуклеарната централа во Белорусија, изјави заменикот на генералниот директор на станицата која е во изградба Андреј Беркун.
„Кредитниот договор беше потпишан во американски долари. Курсот нам ни одговара“, изјави Баркун. „Плаќањето се врши во руски рубљи, и затоа тоа ни е во полза“, додаде тој.
Заменикот на генералниот директор забележа дека вкупната вредност на новата нуклеарна централа во Белорусија нема да надмине 11 милијарди долари, од кои 10 милијарди се обезбеди со кредитна линија од руската страна.
Белоруската АЕЦ се гради покрај населбата Островец во Гродненската област во Белорусија. Таа ќе има два нуклеарни реактори со вкупна моќ до 2.400 мегавати.
Според плановите, првиот реактор треба да проработи во 2018 година, а вториот не покасно од 2019 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче