„Левите“ ја повикаа Меркел да ги укине санкциите против Русија

Заменикот претседател на фракцијата „Леви“ во Бундестагот Сара Вагенкнехт потсети на зборовите на поранешниот канцелар на Западна Германија Вили Бранд: војната не е ultima ratio, војната е ultima irratio.

Заменикот претседател на фракцијата „Леви“ во Бундестагот Сара Вагенкнехт одржа говор во парламентот со критика кон официјалната надворешна политика на Германија. Воедно, таа повика да се укинат санкциите против Русија и да се присетат пратениците на изјавата на поранешниот канцелар на Германија, Вили Бранд.

 

„Во годината кога одбележуваме 100 години од почетокот на Првата светска војна и 75 години од почетокот на Втората светска војна потребно е да се присетиме на изјавата на Вили Бранд: војната не е ultima ratio (последно средство), војната е ultima irratio (крајно неразумно средство). Војната не треба да биде политичко средство, госпоѓо Меркел. Затоа треба да се вратиме на патот на дипломатијата. Запрете ги санкциите!“, изјави Вагенкнехт.

Исто така, таа укажа и на неколку изјави на премиерот на Украина Арсениј Јацењук и претседателот на Украина Петро Порошенко. „Претседателот Порошенко зборува за тотална војна, а притоа ги укина сите средства за болниците и пензионерите во источна Украина“, изјави пратеникот. Според нејзините зборови, на Германија ѝ треба „јасна надворешна политика, во која мирот во Европа е поважен отколку забелешките до Вашингтон“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња