Индија би можела да го поништи договорот со Франција поради „Мистралите“

Со замрзнувањето на испораката на Мистралите, Франција ја губи довербата како стабилна земја за трговија со оружје.

Индија соопшти дека во случај Франција да не ги исполни своите обврски околу предавањето на бродовите на Русија, ќе го поништи договорот вреден 22 милијарди долари за испорака на 126 авиони „Рафал“, кој беше потпишан на почетокот на септември со француската компанија „Дасо“. Оваа информација пред неколку дена ја пренесе францускиот информативен портал “Breizh”.

 

Порталот исто така наведува дека меѓународните експерти претходно повеќепати предупредувале дека, ако не го исполни договорот за испорака на бродови кон Русија, Франција може да го изгуби угледот на сериозен трговски партнер со оружје.

Освен тоа, ако Франција дефинитивно одбие да ги испорача двата носачи на хеликоптери на Русија, ќе мора да плати околу 3 милијарди евра компензација, пренесува ТАСС, повикувајќи се на францускиот весник “Le Parisien”. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња