Француски медиуми: И покрај обидите за изолација, Москва подари елка на Париз

Москва прва се одзва на молбата за помош од настојникот на парискиот собор, кој не успеа да собере средства за годинашната велигденска елка, пишува францускиот весник Le Figaro.

Русија подари на Париз божиќна елка, покажувајќи на тој начин дека политичките тензии меѓу државите не може да ја уништи нивната дружба и соработка, ги пренесува Le Figaro зборовите на рускиот амбасадор во Франција, Александар Орлов.

Во понеделникот елката го украси дворот на соборот Нотр Дам. Како што забележува Le Figaro, настојникот годинава не успеал да ги собере потребни 80.000 евра за купување и монтирање на елката, по што морал да побара помош од странските амбасади. Според зборовите негови, Москва прва реагирала на молбата.

„Со овој гест сакаме да покажеме дека и покрај обидите да се изолира Русија, дружбата меѓу нашите две држави е толку цврста, што никакви политички игри не можат да ја разрушат“, изјави амбасадорот на Русија во Франција, Аександар Орлов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња