Анкета: Русите сметаат дека во супермаркетите се појавиле повеќе домашни производи

Пред 20 години само 10% од Русите сметаа асортиманот производи во продавниците е доминантно руски.

Според податоците на анкетата извршена од Левада-центарот, повеќето Руси сметаат дека бројот на домашни производи во продавниците го надминува бројот на увозни производи.

44% од анкетираните изјавиле дека на полиците на продавниците се појавиле повеќе руски прехранбени производи, а само 14% сметаат дека има повеќе странски производи.

Притоа, пред 20 години само 10% од Русите сметаа асортиманот производи во продавниците е доминантно руски, а 57% тврделе дека најчесто се продаваат увозни производи.

Што се однесува до облеката и белата техника, Русите сметаат дека тие производи се еднакво застапени во продавниците.

85% од Русите претпочитаат да купуваат руски производи, а само 7% - увозни. Сепак, 49% од Русите претпочитаат да купуваат облека која не е произведена во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња