Турција се обрати до Русија со молба за попуст за гасот кој се испорачува во земјата, изјави шефот на министерството за енергетика на Турција Танер Јулдиц, а пренесува РИА Новости.
„Ние побаравме попуст од руската страна и во овој момент тоа барање се разгледува“, изјави тој по заседанието на руско-турската меѓувладина комисија.
Од друга страна, министерот за енергетика на Русија Александар Новак изјави дека страните се заинтересирани за зголемување на испораките гас во Турција за 3 милијарди кубни метри годишно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче