Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер е уверен дека Западот треба да работи заедно со Русија во борбата против исламскиот екстремизам и другите извори на конфликти на Блискиот Исток, без разлика на влошените односи поради Украина, пишува The Wall Street Journal.
Во интервју за изданието Блер го нарече исламскиот екстремизам „најголема закана во подалечна перспектива“. Според зборовите на Блер, Западот треба да биде подготвен за соработка со Москва и другите држави, особено со Кина и Индија.
„Русија останува силен играч околу проблемите на Блискиот Исток. Во моментов таа е важен составен дел од начинот на кој се справуваме со проблемите“, подвлече поранешниот премиер.
Според неговото мислење Русија треба да земе учество во процесот на барање решение околу регулирањето на ситуацијата во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче