Србија сака да го забрза почетокот на изградбата на првиот дел од гасоводот „Јужен тек“, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Србија Славенко Терзиќ.
„Очекуваме работата да започне наскоро“, изјави тој, додавајќи дека проектот за изградба на гасоводот во Србија има приоритетен национален статус. Според зборовите на Терзиќ, сите неопходни документи меѓу Русија и Србија веќе се потпишани.
„Ги чекаме нашите соседи во Бугарија, кои во моментов се откажаа од почеток на изградбата“, изјави тој.
„Гаспром“ излезе со соопштението дека ќе ја започне изградбата на морскиот дел од „Јужен тек“ во средината на декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче