Песков не ја коментира изјавата на Париз за „Мистралите“

Кремљ не ја коментира изјавата на Оланд за неопходноста од замрзнување на испораката на носачот на хеликоптери „Мистрал“ во Русија, пренесува „Интерфакс“.

Кремљ не ја коментира изјавата на Оланд за неопходноста од замрзнување на испораката на носачот на хеликоптери „Мистрал“ во Русија, пренесува „Интерфакс“.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков не ги коментираше изјавите и решението на францускиот претседател за одложување на испораките на „Мистрал“ во Русија поради ситуацијата во Украина.

 

„Тоа нема да го коментирам“, изјави Пушков.

На прашањето дали темата за „Мистралите“ се појавила на состанокот со раководството на Министерството за одбрана, Песков одговори одречно.

„Состанокот беше посветен на други прашања – прашања кои претседателот веќе ги изјави пред јавноста“, забележа портпаролот на Владимир Путин.

Првиот носач на хеликоптери „Мистрал“ требаше да биде предаден на Русија на 27 неомври. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека тоа нема да се случи поради ситуацијата во Украина. Испораката е одложена „до следната изјава“ на француското раководство. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња