Руската економија нема потреба од мобилизација, туку од разумна либерализација, смета министерот за економски развој на Русија, Алексеј Уљукаев.
„Сметам дека се потребни вонредни напори за да се изврши либерализација, а не мобилизација на руската економија“, изјави тој во интервју за телевизискиот канал „Русија 24“.
Министерот појасни дека разумната либерализација предвидува ненарушување на даночните услови. Тоа означува мораториум на зголемувањето на даноците и на воведување нови даноци, како и промена на условите за даночно администрирање.
„Ја подвлекувам и потребата за оптимизација на надзорната дејност... премин кон поинаков начин на контрола...“, додаде Уљукаев.
„Сето ова е неопходно за да се трансформира нашата економска политика во политика која ќе го поканува бизнисот поактивно да работи“, заклучи министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче