Германската канцеларка Ангела Меркел ја обвини Русија за нарушување на меѓународното законодавство, како и за вмешување во украинската криза. Меркел забележа, зборувајќи пред парламентот, дека отсега натаму регулирањето на конфликтот ќе бара трпение и издржливост, соопштува Ројтерс.
„Ништо не може да го оправда директното или индиректното учество на Русија во борбите во Донецк или Луганск“, изјави канцеларката.
„Дејствата на Русија го ставаат под знак прашалник мирот и редот во Европа“, додаде Меркел.
Претходно Меркел изјави дека е неизбежно воведувањето дополнителни санкции против Русија. Според неа, и покрај погубното влијание на санкциите врз економијата, тие се неопходни за мирно разрешување на конфликтот во Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче