Западни медиуми: заострениот тон на Меркел кон Русија ги вознемири политичарите во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел го заостри тонот на својата реторика кон Русија, а тоа ги вознемирува и самите Германци.

Неодамнешното засилување на тонот на германската кацеларка Ангела Меркел кон Русија ги нарушува традициите на „источната политика“ и предизвикува загриженост кај германските политичари, пишува The Economist.

 

Меркел, на пример, на самитот Г-20 во Бризбејн тврдеше дека конфликтот во Украина може да се претвори во „пожар“ и дека Русија води двојна политика и кон Грузија и Молдавија, како и на Балканот. „Тоа не одговара на нашите вредности“, изјави тогаш Меркел.

Притоа, таквата реторика предизвикува незадоволство кај неколку германски политичари, бидејќи уште од 70-те години на ХХ век Западна Германија применува т.н. „остполитик“, или источна политика, кога земјата, без разлика на проблемите, поддржува дијалог и доста пријателски односи со СССР и земјите учеснички на тогашниот Варшавски договор. Таквиот тон на Меркел плаши многу Германци, меѓу кои и политичари кои се наоѓаат во коалиција со партијата на Меркел.

Поранешниот градоначалник на Бранденбург Матијас Патцек, како одговор на политиката на Меркел, го повика Западот „да го држи курсот на соработка со Русија“. Дури и министерот за надворешни работи на Германија Штајнмаер повика на повнимателен избор на зборови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња