Оланд ја замрзна испораката на „Мистрал“

Уште едно одлагање на испораката на носачот на хеликоптери.

Франција ја прекина испораката на првиот носач на хеликоптери „Мистрал“ на Русија, изјави претседателот на Франција Франсоа Оланд. Неговите зборови ги пренесува France-Presse. Решението е донесено поради ситуацијата во Украина.

 

Според мислењето на претседателот на републиката, тековната ситуација на истокот на Украина не дозволува да се предаде на Русија првиот „Мистрал“. Поради тоа претседателот реши дека е неопходно да се паузира решението.

Претходно во вторникот министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус изјави дека условите за испорака на бродот во Русија не се исполнети. Русија, пак, ѝ се заканува на Франција со судски процес во случај да не го исполни договорот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња