МНР на Русија смета дека санкциите на ЕУ ќе бидат укинати во март 2015 година

Според зборовите на заменикот министер за надворешни работи на Русија, неколку држави сѐ повеќе ја разбираат грешката која ја направиле со санкциите.

Во Министерството за надворешни работи на Русија сметаат дека државите на ЕУ веќе сфаќаат каква грешка направиле со воведувањето на санкциите, како и тоа дека во март и јули 2015 нема да поддржат продолжување на истите. Ова го изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков за време не политичките консултации во Атина.

 

Мешков одржа преговори со вицепремиерот на Грција Евангелос Венизелис. Според зборовите на Мешков, Грција сѐ повеќе сфаќа колку е погрешна политиката на санкции која ја избра ЕУ.

„Ниту една држава на ЕУ нема да се реши на едностран чекор за укинување на санкциите. Укинувањето треба да се решава со консензус“, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија.

Освен тоа, постои надеж дека не сите држави на ЕУ ќе поддржат продолжување на санкциите во текот на следната година.

„Санкциите исто така се продолжуваат со консензус, и во март треба да биде повторно разгледувано решението за санкцискиот список, а во јули претстои решение за продолжување на санкциите во одредени сектори“, изјави Мешков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.