Започна тестирањето на руската вакцина против Еболата

Ефикасна вакцина против оваа болест засега не е пронајдена.

Во Русија се работи врз неколку вакцини против вирусот Ебола. Некои од нив веќе се во фаза на тестирање врз примати, изјави министерката за здравје на Русија Вероника Скворцова, пренесува РИА Новости.

„Ситуацијата е различна во различни земји во светот. Ние се трудиме ризикот за појава на вирусот во Русија да не се зголеми“, истакна Скворцова.

Во средината на октомври Скворцова вети дека руските вирусолози за шест месеци ќе ја завршат работата над три вакцини против Еболата. „Околу создавањето на вакцините работат напите водечки институти за вирусологија“, додаде министерката.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација, од вирусот Ебола досега починале 5.177 лица од 14.413 заразени. Најмногу жртви се забележани во три западноафрикански земји: Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија