Виктор Орбан: Украина треба да ја дели Унгарија од Русија

Унгарскиот премиер истакна дека денес влијанието на Русија во Европа е ослабено.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан во интервју за германското издание “Handelsblatt” изјави дека не сака неговата земја повторно да има заедничка граница со Русија, јавува Взглјад.

„Ние имавме заедничка граница со Советскиот Сојуз и помина многу време додека не ја снема истата. Ние не сакаме таа повторно да се појави“, објасни Орбан, истакнувајќи дека денес влијанието на Русија во Централна Европа е далеку послабо отколку во 2000.

Околу напрегнатите односи меѓу Русија и Западот, унгарскиот премиер изјави дека интересите на неговата земја „не се судираат со интересите на САД“. Според него, геополитичкиот интерес на Будимпешта може да се опише со помош на три зборови: мир, енергија и трговија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња