Столтенберг: Русија продолжува со зголемување на буџетот за одбрана

Генералниот секретар на НАТО тврди дека Русија ги зголемила трошоците за Војската за 50%.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг даде изјава за реалните опасности по меѓународната безбедност, пренесува Deutsche Welle.

 

„Кога има мир, правилно е да се намалуваат трошоците за одбраната. Сепак, ние не живееме во мирни времиња“, изјави Столтенберг.

„Опасностите се доста реални“, подвлече генералниот секретар на НАТО, додавајќи дека мисли на конфликтите во Украина, Блискиот Исток и Северна Африка.

Меѓу опасностите по светскиот мир и државите на НАТО Столтенберг ја именуваше и Русија, која, според неговите зборови, „во последните пет години ги зголемила трошоците за одбраната за 50%, како и дека планира понатамошно нивно зголемување“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња