Шефот на дипломатијата на Европската унија Федерика Могерини повика да се „рестартираат“ односите меѓу ЕУ и Русија. Ова таа го изјави во интервју за австрискиот весник Kurier.
„Ние сме зависни од Русија. Русија има блиски односи со Европската унија, како политички, така и географски, историски, културни и енергетски. Но однесувањето на Русија кон Украина не може да се нарече ‘пријателско“ за ЕУ. Треба да се изврши ‘рестартирање’“, изјави Могерини.
Могерини забележа дека Русија не треба да го гледа НАТО како непријател. „Веќе не е можно враќање назад во деновите на Студената војна“, забележа Могерини.
Според неа, Киев исто така треба да направи повеќе за разрешување на конфликтот. „Европската унија очекува од Украина почитување на културата и јазикот на народите кои живеат во земјата, како и автономен статус за источните региони“, подвлече шефот на дипломатијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче