Министерот за економија на Русија Алексеј Уљукаев смета дека е можен раст на руската економија од 0,5%, пренесува РИА Новости.
„Се надеваме дека темпото на раст на економијата годинава ќе биде не помал од прогнозираното – 0,5%. Најверојатно е дека растот ќе биде и поголем – сметаме дека ќе изнесува 0,8%“, изјави тој во Советот на Федерацијата.
Според мислењето на министерот, растот на руската економија ќе биде придвижен од индустрискиот раст и земјоделството.
Министерството за економија на Русија смета дека инфлацијата годинава во Русија ќе изнесува 9%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче