Естонија: договорот меѓу Русија и Абхазија ја покажува желбата на Москва да анектира дел од Грузија

Министерот за надворешни работи на Естонија Кејт Пентус-Розиманус ја обвини Русија дека сака да ја анектира Абхазија.

Министерот за надворешни работи на Естонија Кејт Пентус-Розиманус ја обвини Русија дека сака да ја анектира Абхазија, соопштува Postimees.

Тоа, според мислењето на министерот, се покажува преку потпишаниот договор во Сочи за партнерство меѓу Русија и Абхазија. Оваа изјава Пентус-Розиманус ја даде на средбата со својот шведски колега Маргот Валстрем.

„Има опасност тоа да доведе до анектирање на дел од Грузија во составот на Русија. Овој чекор го нарушува суверенитетот на Грузија, противречи на нормите на меѓународното право и обврските кои Русија ги презеде пред Советот на Европа“, изјави шефот на естонската дипломатија.

„Ја повикуваме Русија да ги исполни сите свои обврски според мировниот договор во 2008 година, како и да ги повлече војниците на позициите на кои беа пред почетокот на конфликтот“, додаде Пентус-Розиманус. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.