Властите на Финска гледаат опасност од судирот меѓу Русија и Западот, пишува The Washington Post. Ова мислење го даде финскиот претседател Саули нинисте и шефот на финското МНР Ерки Туомиоја.
„Прво, се случува катастрофа на Украина. Заедно со таа катастрофа се случува и нарушување на односите меѓу Русија и Западот“, изјави Нинисте. Според зборовите на претседателот на Финска, случувањата на Балтичкото море се резултат на засилувањето на антагонизмот на меѓународно ниво. „Летово нашето воздушно пространство беше нарушено пет пати“, додаде шефот на државата, додавајќи дека „тие (Русите) ја проверуваа нашата реакција“.
„Имаме голема историја со Русија која не секогаш била спокојна. Затоа, сѐ што прават Русите и Финците, секако, е забележано до Европа, која постојано мисли што може да значи тоа“, соопшти финскиот претседател. Тој исто така изјави дека ако Финска се зачлени во НАТО, тогаш тоа ќе ги наруши односите меѓу Финска и Русија.
Шефот на финското министерство за надворешни работи изјави дека во Финска продолжуваат дебатите околу зачленувањето на земјата во НАТО, и дека самиот тој е против членството на Финска во Алијансата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче