Министерот за финансии на Русија Антон Силуанов изјави дека загубите на руската економија од западните санкции изнесуваат 40 милијарди долари годишно. Освен тоа, тој додаде дека поради падот на цените на нафтата во светот, руската економија изгубила 90-100 милијарди долари, пренесува РИА Новости.
„Околу 40 милијарди долари годишно губиме поради геополитичките санкции, а 90 до 100 милијарди годишно поради намалувањето на цените на нафтата за 30%“, појасни тој на форумот во Финансиската академија при владата на Русија.
Помошникот на претседателот на Русија Андреј Белоусов изјави дека вкупните загуби на западните држави од воведените руски санкции како одговор на западните изнесуваат 40 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче