Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека падот на курсот на рубљата позитивно влијае на приливот на средства во рускиот буџет, пренесува ТАСС.
„Што означува падот на руската рубља за буџетот? Ние не го формираме буџетот во долари, туку во рубљи, а таа изгуби дел од вредноста... Околу 30%... Еве, погледнете: претходно продававме некој производ кој чини долар, и за него добивавме 32 рубљи. А сега за истиот производ добиваме 45 рубљи. Приходите во буџетот се зголемуваат, не се намалуваат“, појасни Путин.
Сепак, претседателот забележа дека за оние гранки во руската економија кои се ориентирани кон купување од странство во странска валута – за нив ситуацијата е влошена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче