Путин: вештачкото намалување на цените на нафтата ќе удри по оние кои тоа го провоцираат

Претседателот на Русија забележа дека гледа и објективни причини за намалувањето на цените на нафтата.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека вештачкото намалување на цените на нафтата ќе удри по истите оние кои го провоцираат тој пад, пренесува ТАСС.

„Ако намалувањето на цените на енергенсите се случува намерно, тогаш тоа ќе удри по оние кои ги воведуваат тие ограничувања. Проблеми се појавуваат и истите ќе растат... не само за Русија, туку и за нашите партнери во другите држави кои произведуваат нафта“, изјави Путин.

Шефот на руската држава смета дека намалувањето на цените на нафтата се случува „поради тпа што САД започнаа со производство на нафта и гас од шкрилци“, иако се сомнева во рентабилноста на таквото производство.

Претседателот на Русија забележа дека гледа и објективни причини за намалувањето на цените на нафтата.

„Понудата порасна – Либија повеќе произведува. Ирак, и покрај сите проблеми, го зголемува производството... Се појави нелегална нафта за 30 долари за барел која ‘Исламската држава’ ја продава. Саудиска Арабија го зголеми производството, а побарувачката е намалена поради стагнација на светската економија“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња