Путин: рејтинзите можат да бидат елементи на политичка борба

Во рејтингот на списанието Forbes Путин остана на првото место.

Претседателот на Русија Владимир Путин, коментирајќи ги резултатите на рејтингот на Frobes, изјави дека лидерството во светот се определува не со рејтинзи, туку со реалната моќ на државата, пренесува ТАСС.

„Лидерството во светот се определува преку економските и одбранбените можности на државата“, изјави тој, коментирајќи го недамнешниот рејтинг на највлијателните луѓе во светот.

 

Во рејтингот на списанието Forbes Путин остана на првото место. Второто место, како и во минатата година, припадна на Барак Обама, а третото место остана за Си Ѓинпинг, лидерот на Кина.

„Не знам како пресметуваат во Forbes, тоа е нивна работа. Можеби намерно Обама го ставаат на второто место за да ги влошат моите односи со него“, смета Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња