Во Балтичкото море, недалеку од територијалните води на Латвија, забележана е руска воена подморница, пренесува Mixnews.
Националните воени сили на Латвија изјавуваат дека подморницата е забележана на 43 километри од територијалните води на државата.
„Годинава руските воени бродови и авиони се приближија 173 пати кон границата на Латвија“, изјавено е од страна на Националните воени сили.
Според нивните податоци, во последниве две недели недалеку од Латвија биле забележани пет руски воени бродови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.